ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ: Ова трогателно видео е доказ дека кучињата се многу свесни што се случува со нивните сопственици

Таа го погледна со тажен поглед и ја потпре главата на својот сопственик. Последното збогување со саканите е секогаш тажно, дури и за животните. Оваа потресна приказна е доказ дека кучињата се многу свесни што им се случува на нивните сопственици.

Рајан Џесен имал само 33 години кога починал од церебрална хеморагија. Додека тој лежеше во болница на апарати за одржување во живот, семејството на Рајан ја донесе неговата миленичка Моли за последен пат да се прости од него и да види зошто никогаш нема да се врати кај неа.

Таа го погледна со тажен поглед и ја потпре главата на својот сопственик. Се чинеше како да и беше јасно дека ништо повеќе не може да го спаси.

„Оние кои го познаваа мојот брат знаеја колку ја сака својата Моли. Не грижи се, ќе ја задржиме! Таа е дел од нашето семејство“, напиша сестрата на Рајан, Мишел на својот Фејсбук профил.