Срамота! Вработена во училишна менза добила отказ затоа што нахранила гладен ученик

Работник во менза во средно училиште добил отказ затоа што нахранил гладен ученик кој немал пари да плати оброк.

Бони Кимбал од Њу Хемпшир, САД, едноставно побарала од ученикот да плати следниот ден. Не размислувала два пати, со оглед на тоа што во тоа училиште работи неколку години, а ученикот го познава уште од детството, пренесува Индекс.

Меѓутоа, нејзиниот работодавец не мислел така, па Бони добила отказ поради банкнотата од осум долари, со објаснување дека се работи за кражба, пишува CNN.

Работодавецот изјавил дека ученикот немало да остане без храна и дека можел да добие сендвич и прилог.

„Не би отпуштиле работник затоа што некому дал оброк. Оваа компанија има одредени правила и доколку работникот ги прекрши, има последици, кои може да вклучуваат отказ. Горди сме што обезбедуваме оброци за сиромашните“, беше нивното официјално соопштение.