„Па, ОВА Е ГЕНИЈАЛНО! Вереничкиот прстен НЕ И ЧИНИ, а таа сакаше фотографија од свршувачката, па нејзината пријателка влезе со хит идеја

Овој момент не требаше да се троши! Еден од најдобрите моменти за да го долови моментот на свршувачката е фотографирањето, за да имаме сеќавање за цел живот. На ваквите фотографии најчесто можете да видите среќен пар со прстен во преден план, но се случува и младиот човек да не успее правилно да ја процени големината што би одговарала на неговата идна вереница.

Токму тоа и се случи на една девојка, а бидејќи сакаше совршена фотографија, за среќа со себе ја имаше најдобрата пријателка. Во вирално видео на TikTok, парот опиша како нејзината најдобра пријателка ја зачувала нивната свршувачка фотографија. На снимката беше прикажано како одлична пријателка, која стоела надвор од кадарот, ја држела за рака свршената девојка, а на неа имало веренички прстен со дијамант.

Фотографиите изгледаа многу веродостојно и беспрекорно, а многу корисници тврдеа дека немаше сами да забележат ништо необично или различно доколку парот не кажеше за што се работи. „Да не ги гледав овие сцени зад камерата, никогаш немаше сама да упаднам. Одлично“, „А таа дури и се насмевна за сликата, преслатка!“, „Се надевам дека ќе биде твоја деверица на вашата свадба“, напишаа корисниците.

Парот подоцна објави дека може да го замени прстенот, а импровизираните фотографии засекогаш ќе останат како прекрасен спомен.