Добар татко не е оној кој заработува многу пари, туку оној кој не го напушта семејството

Нема посилна љубов од љубовта на родителите кон своите деца. Да се биде родител е голем чекор и голема одговорност.




Децата ги земаат сите навики од дома. Тие учат од своите родители и усвојуваат модели на однесување, затоа добриот татко треба да им дава добар пример на своите деца.
Вистински татко не е оној кој заработува многу пари за да им купи скапи подароци на сопругата и децата или да ги носи на одмор двапати годишно. Не е ни тој што заработува доволно пари за на своите деца да им обезбеди образование во приватно училиште и да им ги покрие сите трошоци.




Вистински татко е оној кој е секогаш таму. Оној кој не го напушта семејството во најтешките моменти и никогаш не ги остава најблиските сами да се справуваат со проблемите.
Вистинскиот татко е подготвен да вложи труд и време, дури и кога е уморен, само за да ги задоволи своите деца.
Вистински и посветен татко е оној кој е подготвен да прави компромиси за доброто на своето семејство и во одредени моменти да ги жртвува сопствените потреби, желби, па дури и среќа.




Добриот татко ги учи своите деца на вистински вредности, љубов, добрина и лојалност.
Навистина добар татко е оној кој е пример за правилниот однос кон својата сопруга. Оној кој се однесува со неа со достоинство, почит и љубезност.




Зборовите бескорисен, неспособен, слаб и глуп ги нема во разговорот со децата во неговиот речник. Тој е авторитет, но децата не се плашат од него. За него нема ништо поважно од семејството, а нивната среќа е приоритет.




Добриот татко ги слуша своите деца и ги знае сите нивни планови, желби и стравови.




Вистински татко е оној за кој децата велат: ! Тој е пример, мој најдобар пријател, ментор и учител. Тој е мојот татко”.