Тој го крена интернетот на нозе: ова е причината зошто мојата сопруга ми е поважна од моите деца

Писателот и татко Мајк Бери во својот блог објасни зошто неговата сопруга е поважна од неговите деца и зошто ова негово мислење треба да го прифати секое семејство. Написот доби голема популарност на Интернет, некои го осудија авторот, додека други го споделија неговото мислење. Мајк и неговата сопруга Кристин имаат осум посвоени деца и се во среќен брак 17 години и се социјално активни за да им помогнат на другите семејства да градат хармонични односи.




Прочитајте го неговиот интересен напис подолу и кажете ни дали се согласувате со неговото мислење: „Обично е 20:30 часот кога на моите ќерки тинејџери им го давам првото предупредување за колку е часот. И тогаш во 21 часот им велам дека треба да одат во нивната соба. Јас го правам ова секоја вечер и тие секогаш се расправаат со мене: „Зошто треба да легнеме во 21 часот? Ние веќе не сме деца! ”




Не мора да одите во кревет сега, само ве молам напуштете ја дневната соба. Мама и јас не се гледавме цел ден затоа што бевме на работа. Ни треба време да бидеме заедно. Ќерките вртат со очите. Ние сме родители веќе 15 години и нашите деца никогаш не ни го одземале целото време.




Јас и сопругата поминуваме многу време со нашите деца, но никогаш 24/7. Ние ги сакаме нашите деца и секако тие играат голема улога во нашите животи. Тие секогаш можат да сметаат на нас и да ја добијат нашата помош и поддршка. Но, покрај децата, тука сме и „ние“. Постојат неколку причини зошто е важно за Кристин и јас да одржиме силен брак:




Здравиот брак е камен-темелник на домот Децата не се камен-темелник на вашето семејство. Тие се голем дел, но не се оние кои ја чуваат оваа хаотична структура што ја нарекуваме семејство. Најважниот дел од семејството сте вие и вашата сопруга, вашиот сопруг – вашиот партнер. Вие сте оној кој ја има целата одговорност. И децата ги избираат своите патеки врз основа на вашиот пример.




Пред нив, тоа бевме ние Пред тие да постојат, ние бевме двајцата. Се в љубивме, поминавме часови заедно, разговаравме на телефон цела ноќ и тогаш решивме да бидеме заедно засекогаш. И ја започнавме целата оваа семејна работа. И тогаш добивме убави деца. Секако, среќни сме што ги имаме. Но, нашиот брак е свет. И, мора да сториме се што можеме за да го заштитиме.




По нив, ние ќе бидеме – Ништо не трае вечно. Ќе дојде време кога децата ќе пораснат и ќе го напуштат гнездото. Не знам за вас, но нема место во куќата за 30-годишник за вас. Затоа, кога тие ќе ја напуштат нашата куќа, ќе ги имаат своите семејства и нивните деца, би сакал мојот однос со сопругата да остане силен и интимен, како што беше на самиот почеток. И за да имаме таква иднина, треба да поработиме на врската сега. Нашата врска треба да биде приоритет. Се разбира, не е лесно како што изгледа.




Треба да дадеме иден пример Децата учат од нас. Тие го прават она што го правиме ние и го следат секој наш потег. Сакам нашиот брак да биде пример за нив. На крајот на денот, сите сме уморни и напнати. И да, на вашите деца им требате, тие се важни и треба да се грижите за нив. Но, прво погрижи се за односот со својата жена. Кога децата ќе видат дека нивните родители се сакаат, ќе бидат сигурни дека и вие ги сакате.




Ние го поминуваме целиот ден со нашите деца. И затоа ги замолувам да одат во нивните соби секоја вечер во 21 часот. Затоа јас и сопругата имаме состанок двапати месечно и излегуваме. Затоа што е важно. Затоа ми е поважна сурпугата отколку децата “, напиша тој на својот блог.