„Сестра ми страшно ме повреди, дојде да ме посети во Германија…“

Сестра ми страшно ме повреди. Таа дојде да остане со мене две недели во Германија, ја угостив и ја честев. Дури и јас го користев годишниот одмор за да бидам со неа, секој ден ја носев во град, шопинг, ресторани… ѝ купив работи во вредност од 600 евра.




Но, јас бев среќна бидејќи видов дека таа е среќна. И тогаш облечена во предизвикувачка облека, мини, хеланки, хулахопки, забележав дека го напаѓа маж ми кога ме нема, кога ме примети веднаш се оддалечи од него, некако испаднав толерантна, поднесов се додека не замина.




Пред да тргне автобусот, го извадив паричникот за да и дадам 500 евра што ги заштедив да ги подели со нашето семејство и семејството на мојот сопруг, кога нема пари.




Ме фати паника, гледам во чантата ги нема, кога таа ми вели: Ги зедов, извини, ми требаа, мислев дека нема ни да забележиш. 26 годишна жена мислеше дека никој нема да примети дека недостасуваат 500 евра… Станувам во 5:30 за тие пари, фер работам… но некои уште мислат дека евра паѓаат од небото овде.