ПРИКАЗНА ЗА 4 СВЕЌИ: Одвојте неколку минути и прочитајте ја, нема да зажалите!

Во собата полека гореа четири свеќи. Беше речиси целосно тивко и се слушаше нивниот разговор.

Првата свеќа рече: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме спасат, мислам дека ќе изгаснам.“ И веднаш се изгасна.

Втората свеќа рече: „Јас сум ВЕРА – за жал, многу луѓе мислат дека не сум неопходна, нема смисла повеќе да горам.“ Штом таа го рече ова, дувна благ ветар и ја изгасна.

Третата свеќа тажно зборуваше: „Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето често ме забораваат и ме оставаат на страна. Дури забораваат дека ги сакаат најблиските“ и во истиот момент таа починала.

Не долго потоа, во собата влезе едно дете. “Што е ова? Требаше да изгориш до крај.“ и велејќи го тоа, почна да плаче. Тогаш се огласи и четвртата свеќа: „Не плаши се, додека јас горам, ќе можеме да ги запалиме и другите свеќи“. Јас сум НАДЕЖ“.

Детето со сјај во очите ја зеде свеќата „надеж“ и ги запали другите свеќи.

Пламенот на надежта секогаш треба да тлее во нашето срце, за секој од нас да ја задржи верата, мирот и љубовта.