Авантура која нема да ја заборават, сајлата пукна додека летаа со падобран

Еден пар кој бил на одмор во Сочи, Русија, сакал да почувствува малку авантуристички дух, но не знаеле колку авантура ќе доживеат.

Решиле да ја пробаат атракцијата возење на падобран зад глисер на Црното Море.

Во средината на возењето се скинала сајлата, што го претворило возењето во пад од падобран во морето.

Прекинувањето на сајлата било предизвикано од силен ветер, во кој возењето не би требало да се одвива, па атракцијата по несреќата била прекината.