Приказна која ќе ве насмее и замисли: Чувајте се од жена која чита книги!
Маж и жена отишле на одмор на убаво езеро, меѓу останатото познато како место за риболов. Мажот одел на риболов во раните зори, а неговата жена тогаш на мир да читала книги. Едно утро, мажот после неколку часа се вратил и одлучил малку да поспие, а сопругата одлучила сама со чамецот да оди на езеро. Го запалила моторот на чамецот и отишла на осамено место, го фрлила сидрото, ја извала книгата и продолжила да ужива во тишина, читајќи ја својата книга.




За брзо време риболовниот инспектор ѝ се приближил со неговиот чамец, и ѝ рекол: „Добро утро госпоѓо. Што правите?“ „Читам книга, одговорила таа“. „Вие сте на делот на езерото резервирано за спортски риболов“. „Жал ми е господине, но јас не ловам риба. Јас само седам и читам книга“.




„Да, но во чамецот го имате приборот потребен за ловење и што се однесува до мене, би можеле со ловење риба да започнете секој момент. Ќе мора да ве однесам со себе до станица и против вас да поднесам пријава“, ѝ рекол тој. „Ако вие го направите тоа, тогаш да знаете дека и јас против вас ќе поднесам пријава, но поради силување“, му рекла таа.




„Но, јас не ве ни допрев!“, извикал тој. „Да, но вие го имате потребниот прибор и што се однесува до мене, би можеле секој момент да го направите тоа“, му рекла таа.