ВИДЕО: Стоматолог бесплатно ги поправа забите на сиромашните луѓе ширум светот

Во 2006 година, стоматологот Фелипе Роси ја основа непрофитната организација „За насмевка“, со која патува низ светот и со своите колеги, поправајќи ги забите на сиромашните луѓе. Нашето време, како и сите претходни, е полно со убави зборови, додека истото не би можело да се каже за дела.

Пофалниот пример на стоматолог кој ја враќа (убавата) насмевка на лицето ни покажува дека меѓусебното ценење и почит кон секој човек, особено кон оние на работ на општеството, најдобро се изразува преку конкретни дела на љубов, а не со грандиозни зборови. Освен што им враќа насмевка на лицата на оние кои имаат потреба, Фелипе Роси им носи радост и на животите на сите оние кои го следат на Инстаграм, бидејќи редовно објавува фотографии од пациентите пред и по неговите интервенции.

Во 2006 година, Фелипе ја основа непрофитната организација „За насмевка“, со која патува низ светот и со своите колеги, поправајќи ги забите на сиромашните луѓе.

Сакаме да им дадеме на луѓето нов почеток во животот, да се чувствуваат самоуверено, да не се срамат да се смеат – вели стоматологот.

Покрај Бразил, тој и неговите колеги несебично им помагаат на сиромашните заедници во Кенија и Мозамбик, пренесува „Меѓугорје инфо“.

Погледнете некои од преправките што ги направи: