(ВИДЕО) Жена се породила предвреме за да можи нејзиниот сопруг барем еднаш да го види и прегрни нивното бебе

Марк Ауглер имал само 52 години кога починал во болница од напреднат рак на белите дробови. Тој и неговата сопруга Дајан очекуваа бебе кое требаше наскоро да се роди, но лекарите потоа му рекоа дека ќе има само уште неколку дена живот.




Парот, во договор со лекарите, решил да предизвика предвремено породување и породувањето за Марк да има можност да го запознае своето девојче по име Савана. По породувањето, Дајан веднаш му го предала бебето на својот сопруг да го прегрне.




Ја држел 45 минути, разговарал со неа, плачел.




Само неколку дена подоцна, Марк паднал во кома. Срцето му чукаше побавно и побавно и беше јасно дека ги брои последните часови. Дајан го ставила бебето во неговите раце и го држела за рака додека не умрел.