Видео: Жена која спаси напуштено куче покажува како животните знаат да покажат благодарност, но и да пружат утеха

Видеото од жена која се занимава со заштита на животни и која спаси напуштено куче покажува како животните знаат да покажат благодарност, но и да пружат утеха.

Бидејќи ја потресела ситуацијата во која го пронашла кучето, таа започнала да плаче во автомобилот додека го возела на совозачкото седиште.

Кучето добро разбрало за што станува збор, па ја прегрнало со шепата и ја потпрело главата на раката на жената. И додека таа го уверуваше дека сè ќе биде во ред, во исто време кучето ја тешеше.

Погледнете го видеото: