ПРЕКРАСНО ВИДЕО: Џип влегол во вода за да спаси слепо куче!

Во бразилскиот град Табоао да Сера, маж влетал со џип во водата за да спаси слепо куче од сигурно давење.




Ова на видео го снимил 28-годишниот Родриго де Алмеида, кој рекол дека не знае како и кога несреќното куче завршило во водата.




Родриго додал дека станува збор за постара женка која имала проблеми со видот, но дека по спасувањето животното можело да оди.




Жителите на блиската населба по спасувањето се грижеле за кучето, а сопственикот набрзо бил пронајден со помош на социјалните мрежи.