„Забременав на 48 и повторно на 49. Сега имам две мали деца и секогаш сум уморна“

Веќе минував низ менопауза кога ја родив втората ќерка. Чуда се случуваат, тоа е најдоброто нешто што сум го доживеала во мојот живот, рече таа во видеото на TikTok Таа имала 48 години кога тестот за бременост покажал позитивен резултат. Не поверувала, па го повторила тестот и повторно бил позитивен.

Дури тогаш сфатила дека навистина е бремена. Нејзината среќа, вели, немала крај. Откако го родила тоа дете, таа повторно забременила. Денес има 51 година и има две мали деца. Таа признава дека е постојано уморна, но и многу исполнета. Тaa вели дека ги сака без зборови. Забременив на 48 и повторно на 49 години. Веќе минував низ менопауза кога ја родив втората ќерка.

Чуда се случуваат, тоа е најдоброто нешто што сум го доживеала во мојот живот – рече таа во видеото на TikTok каде се претставува како @EmMoments и споделува клипови од нејзиниот приватен живот, ги опишува своите искуства со децата, бара совет…

@emmoments

♬ Drilla – ᴊᴏᴇ™️


Некои мислат дека сум лудa, но не сум, едноставно сум исклучително благословенa! И уморнa! Навистина многу уморна – додаде таа.

Објавата доби многу коментари, а ова се дел од нив: „Имам 52 години и не можам да замислам дека повторно ќе поминам низ сето тоа, но едно е сигурно – сакам да бидам баба! Со среќа!’ „Имам 43 години и би сакалa повторно да се омажам и да имам уште едно дете.

За мене ова е знак дека е апсолутно можно да се постигне. Среќно за тебе!’Мајка ми ме родила на 50 години и можам да кажам дека бев едно од најсреќните деца.

„Се чувствувам премногу старо за дете, иако отсекогаш сум го посакувала. Имам 52 години“, пренесува The Sun

@emmoments #momsover50 ♬ What Dreams Are Made Of – Brent Morgan